Јувентус со одлична игра ја започна новата етапа од својата ера, „старата дама“ со 3-0 славеше над Сасуоло во првото коло на Серија А.
Анхел Ди Марија на својот прв настап за „старата дама“ дебитираше со евро-гол во 26. минута, Аргентинецот донесе водство на домаќините за ослободување од стегите и притисокот на овој дуел. Пред крајот на првото полувреме „старата дама“ зголеми и на 2-0, прецизен од белата точка беше Душан Влаховиќ во 43. минута.
Во вториот дел Ди Марија приреди уште една магија, Аргентинецот подари супер асистенција на Влаховиќ, кој без никаков проблем ја затресе мрежата на гостите во 51. минута за водство од 3-0. До крајот на мечот Јуве одигра рутиснки и ја зачува предноста, па овој резултат се покажа и како конечен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА