Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс израмнија на 1-1 во четвртфиналната серија против Минесота тимбервулвс, откако доцна синоќа на свој паркет славеа со 94-85.
Одлична вечер во дресот на „езерџиите“ имаше Лука Дончиќ на кој му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл.
Словенецот мечот го заврши со 31 поен, 12 скока и девет асистенции. Kај поразените Џулиус Рендл постигна 27 поени.
До водство од 2-0 во своите серии стигнаа Оклахома сити тандер и Индијана пејсерс. Оклахома повторно беше убедлива против Мемфис со 118-99, додека Индијана славеше над Милвоки со 123-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА