Пари Сен Жермен ја „торпедираше“ Гамба Осака со 5-2 на пријателски меч во Јапонија, а Лионел Меси и Нејмар конечно блеснаа и одиграа одлично заедно, за момент потсетувајќи на ерата од Барселона.
Престојот на Нејмар во ПСЖ се уште е неизвесно, но изгледа работите се смирија, Бразилецот беше видно расположен, а тоа го покажа на теренот со два гола и асистенција. Меси му помагаше постојано, па и двајцата си разменија меѓусебе по една асистенција.
И двајцата излегоа заедно од игра во 72. минута испратени со аплаузи од публиката. Стрелци за ПСЖ беа и Сарабија и Мендеш и Килијан Мбапе, кој играше во последните 30 минути и погоди за крај од пенал.
За Гамба Осака стрелци беа Курокава и Јамами.
Neymar and Messi Duo is on another level 💯🔥😍 Beautifully assisted by Neymar and that Goal by Messi 🤩🔥👌 Pure class….#PSGJAPANTOUR2022 pic.twitter.com/5gsVuSOU4e
— EhsaN (@EhsaN_PSG) July 25, 2022
Messi’s assist to Neymar 🤤🤤 pic.twitter.com/9kMVq6SBJs
— Ziad is NOT in pain (@Ziad_EJ) July 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА