Кристијано Роналдо имаше уште една неверојатна партија за својот национален тим Португалија, во убедливиот триумф од 0-5 на гостувањето кај Ерменија во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Роналдо постигна два од петте голови, но оној вториот беше неверојатен, прекрасен, со волеј од повеќе од 20 метри.
Феликс во 10. минута донесе предност за Португалија, а Роналдо во 21. минута го постигна својот прв гол. До полувремето погоди Кансело за 3-0. Кристијано Роналдо во 46. минута го постигна евроголот, а Феликс во 61. минута стави печат на победата.
Англија сосема очекувано славеше во мечот против Андора со 2-0. На „Вила Парк“ во Бирмингем, Англичаните поведоа со автогол на Гарсија, а потоа Деклан Рајс даде гол за 2-0 и за коенечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

