„Магијата“ на медицината: Мбапе и Маркињос подготвени за пресметката со Реал Мадрид

Како повредата на Нејмар да не беше доволен проблем за ПСЖ, па се повредија и Мбапе и Маркињос непосредно пред реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Но, со напорна работа медицинскиот тим на „светците“ се обиде и успеа да ги опорави Маркињос и Мбапе пред одлучувачката пресметка. И двајцата беа неизвесни за настап против „кралевите“ поради идентични повреди, на скочниот зглоб.

Ситуацијата со бразилскиот дефанзивец е многу пооптимистична отколку кај младиот крилен напаѓач. Маркињос ги помина медициснките прегледи без никакви забелешки, а Емери ќе одлучи дали ќе стартува од првата минута при последниот подготвителен тренинг на тимот. За Мбапе до денес не се знаеше дали воопшто ќе биде во конкуренција за настап, бидејќи не е 100% опоравен, но е во тренажен процес, па големи се шансите да запише минутажа, но и натаму последната одлука ја носи Емери.

Овие вести дополнително ќе ја кренат самодовербата на францускиот гигант во обид да направи пресврт и да го елиминира актуелниот европски првак уште во првата нокаут фаза во Лигата на шампионите. Но, и „кралевите“ доаѓаат на гости со убави вести. Модриќ и Крос допатуваа во Париз со тимот, подготвени за предизвикот, само уште Зидан да најде решение како ќе ги искористи двајцата играчи за врска кои ги пропуштија последните пет меча на Реал поради повреди.

 

Се вчитува...