„Магнус-девојката“ Мери Акиевска максимално мотивирана денеска учествува на Светското фитнес првенство кое ќе се одржува во Јужна Кореја.
Членката на МАГНУС пред заминувањето за Кореја, повторно ги собра сите највисоки одликувања на натпреварувањата на кои учествува, овој пат и на „Дајмонд Куп – Скопје 2022“ кој се одржа пред пет дена во хотелот Александар Палас.
Акиевска се закити со двете златни медали во јуниорска и во сениорска конкуренција, а беше прогласена и за апсолутен победник на Купот.
Настапи во Велнес-фитнес јуниор освојувајќи го првото место, како и првото место во Велнес-сениор, со уште една добиена про-карта на интернационално натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА