Центарот за боди-билдинг фитнес и боречки спортови, „МАГНУС“ од Скопје е апсолутен победник на „Купот на Македонија 2018“ за боди-билдинг кој изминатиов викенд се одржа во Битола.
МАГНУС освои убедливо најголем број одликувања на Купот, вкупно 12 – од кои три златни, четири сребрени и два бронзени, со кои само ја потврди максималната доминација во Македонија во овој спорт.
Златни медали освоија Мартин Манасиевски (боди билдинг до 70 кг лесна категорија – сениори), Стефан Стојановски (физик јуниори до 23 години) и Ангела Гелинчевска (фитнес жени), со сребрени одликувања се закитија Александар Мирчев (јуниори до 23 години), Александар Ристески (бодибилдинг класик), Кристијан Донев (физик над 178 см) и Стефан Митев (физик јуниори до 23 години), додека два бронзени медали освои Милош Живковиќ (јуниори до 23 години, и средна категорија сениори до 89 кг).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА