Магнусен нема да вози за Хас во 2025 година

Кевин Магнусен нема да вози за Хас во 2025 година.

Данецот го напушта американскиот тим по седум години во два мандати. Првиот беше од 2017 до 2020 година, а вториот од 2022 до 2024 година.

Минатата недела Хас објави дека Оли Берман ќе вози за нив следната сезона, а јасно е дека Магнусен нема да му биде партнер.

Како главен кандидат за наследник на Магнусен се споменува Естебан Окон кој го напушта Алпин и ќе биде слободен на пазарот.

Се вчитува...