Македонските борачи го освоија првиот медал на Европското првенство кое се одржува во Загреб. Ахмад Магомедов, кој настапи во категоријата до 79 килограми, освои бронзен медал.
До бронзата Могамедов стигна со четири борби. Во првата го совлада Новак од Молдавија, потоа во 1/4 финалето беше поразен од Гркот Кугиумцидис со 3-5. Добри шанса преку репасажот со Габриел Рамос од Шпанија, кој го доби со технички туш 10-0, и доби шанса да се бори за бронза. Во тој дуел го имаше за противник Арман Авагјан од Ерменија и го совлада со 7-4.
Вториот медал може да го освои Расул Шапиев кој настапува во категоријата до 74 килоеграми, и покрај поразот во првата рунда. Доби шанса во рапасаж против Ерменецот Храјр Алаханјан.
Егоров и Нуров беа елиминирани уште во квалификациите, иако многу се очекуваше од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА