Ислам Махачев во петтата рунда го совлада Дастин Поаре со технички нокаут, и ја задржа титулата шампион во лесна категорија на турнирот УФЦ 302 во Њуарк, Њу Џерси.
Махачев кој има скор 2601, ја продолжи својата низа со 14 победи по ред, и направи трета одбрана на титулата. Претходните две му беа против поранешниот шампион Александар Волкановски. Го победи Волкановски во две борби со нокаут уште во првата рунда.
Против Поаре исто така не губеше време. Го сруши уште во првата рунда и го контролираше мечот. Махачев му зададе неколку обиди за нокаут на почетокот на втората рунда, но шампионот некако ги издржа нападите. На почетокот на третата рунда му зададени неколку удари, по што Поаре бешевидно повреден, а во четвртата рунда Махачев стекна нова предност со неколку удари со десната рака. Поаре некако успеа да се извлече.
Во петтата одлучувачка рунда, Поаре не успеа да се врати, и му остана само да го предаде мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

