Махир Емрели е махер за утки: Не реализираше две чисти шанси, едната при празен гол (ВИДЕО)

Фудбалерот на Легија Варшава, Махир Емрели се покажа како „махер“ за утки. Тој на натпревар во полскиот шампионат против Пјаст Гливице, не реализираше неверојатна шанса. Најпрво излезе сам пред голманот, ја погоди стативата, а потоа топката се одби од него, но во вториот обид ја погоди втората статива.

Ниту тој самиот не можеше да поверува што му се случува.

А, да биде катастрофата поголема неговиот тим загуби со 4:1.

Се вчитува...