Македонскиот интернационалец Денис Махмудов беше стрелец за Дордрехт во триумфот од 3-2 против Хелмонд спорт во 24. коло од холандската Втора лига.
28-годишниот велешанец погоди во 24. минута за водство од 1-0 на својот тим притоа постигнувајќи го петтиот гол во зелениот дрес сезонава. Махмудов го одигра целиот натпревар, како и Александар Станков кој беше асистент на вториот гол на Дордрехт.
Дордрехт по 24 кола е на 11. место со 34 бода. Фортуна Ситард на Стефан Ашковски својот натпревар од ова коло го игра на 12. февруари против вториот тим на АЗ Алкмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА