Махрез одбил трансфер во Тотенхем за да се бори за опстанок со својот Лестер

На актуелниот англиски шампион Лестер ниту од далеку не му оди совршено како минатата сезона во Премиер – лигата. Тимот на Клаудио Раниери се наоѓа многу блиску до опасната зона на табелата и ќе води грчевита борба за да го зачува статусот во елитното фудбалско друштво. Еден од најдобрите фудбалери, Алжирецот Ријад Махрез, одлучи да му помогне на клубот во оваа битка, иако имаше понуда за трансфер во редовите на Тотенхем.

Тој во летниот преоден рок беше на прагот на преселба во Арсенал, но трансферот пропадна, а потоа Махрез потпиша и нов договор со Лестер. Но, оваа сезона и тој не игра во препознатливата шампионска форма од минатиот шампионат, постигна само три гола, па и покрај тоа доби понуда за да се пресели во Тотенхем. Сепак, одлучи да остане и да им помогне на „лисиците“ да се изборат за опстанок во Премиер – лигата.

Лестер во моментов се наоѓа на 16.позиција во Премиер – лигата, со 21 освоен бод, само еден повеќе од Хал сити, кој е во опасната зона.

Се вчитува...