Мењон паузира една седмица

Голманот на Милан, Мајк Мењон ќе паузира само на еден, евентуално два натпревари, по повредата која ја доби вчера на натпреварот од ЛШ против Њукасл во првото коло од групната фаза.

Францускиот чувар на мрежата мораше да го напушти натпреварот откако се пожали на повреда. Утрово бил подложен на магнетна резонанца, и прогнозите се дека ќе паузира околу една недела.

Тој сигурно ќе го пропушти мечот против Верона, додека за дуелот со Каљари е неизвесен. Се очекува да се врати на мечот со ПСЖ во ЛШ.

Повреда на дуелот со Њукасл заработи и Лофтус Чик, кој сепак се чувствува далеку подобро и би требало да настапи викендов против Верона.

Се вчитува...