Мајами донесе одлука за иднината на Вигинс

Ендру Вигинс, канадски кошаркар кој беше одбран како прв пик на драфтот во 2014 година се очекува да остане дел од Мајами Хит и во сезоната 2025/26.

Постоеше можност 30-годишниот бек да биде трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, но преговорите пропаднаа поради преголемите барања на франшизата од Флорида.

Вигинс минатата сезона ја започна во редовите на Голден Стејт, но беше дел од трејд кој го доведе во Мајами. Настапувајќи за овие два клуба бележеше просек од 18.0 поени, 4.5 скокови и 2.6 асистенции.

Се вчитува...