Мајами Хит издаде официјално соопштение во кое објави дека првата ѕвезда на тимот Џими Батлер е суспендиран на дури седум натпревари.
Франшизата од Флорида се одлучила на овој потег, како што е наведено, поради повеќекратните недолично однесување кои биле штетни за тимот.
„Го суспендиравме Џими Батлер на седум натпревари поради повеќе случаи на однесување штетно за тимот во текот на сезоната, а особено последните неколку недели“, објави Мајами.
Меѓу најзаинтересираните екипи за трејд беше Денвер, кој бара помош за Никола Јокиќ во неговата потрага по вториот шампионски прстен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА