Мајами го задржува тренерот и во следните осум сезони

Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра ќе потпише нов, осумгодишен договор со тимот вреден 120 милиони долари, пренесуваат медиумите во САД.

Сполстра така ќе го продолжи својот втор мандат на клупата на тимот од Флорида, на која е од 1995 година, кога како почетник работеше видео анализа на Пет Рајли.

Следните 13 години беше во стручниот штаб на Рајли, па го замени на позицијата тренер во 2008 година, и од тогаш раководи со екипата. Во меѓувреме се продефилираше како еден од најдобрите и најуспешни тренери во НБА.

Мајами му е единствен клуб во кој работел, а со него два пати беше шампион, и шест пати го водеше тимот до финале. Само Грег Попович е повеќе платен од Сполстра, кој има 19 милиони долари годишно.

Се вчитува...