Бостон селтикс имаше серија од девет победи, но актуелниот шампион сосема неочекувано потклекна на домашен терен пред Мајами хит, откако гостите од Флорида одиграа одличен меч и заслужено славеа со убедливи 103-124. Мајами уште по првото полувреме имаше водство од 14 поени разлика што „жешките“ не само што го задржаа, туку и дополнително го зголемија, за своја шеста победа во низа. Колективната игра беше клучен фактор на победничкиот состав, седум кошаркари имаа двоцифрен ефект од кои најефикасен беше Хироу со 25 поени.
Кливленд го искористи поразот на Бостон за да се зацврсти на врвот на Источната конференција со победата над Њујорк од 124-105. Домаќините одиграа извонредно второ полувреме што го добија со 71-45, за целосен пресврт и триумф предводени од Донован Мичел и неговите 27 поени, додека Ален придонесе со 21 поен во новата победа на Кливленд.
Никола Јокиќ доби слободен ден, а Денвер без својот најдобар играч во тимот загуби на домашен терен од Сан Антонио со 106-113. Далас по голема борба славеше пред своите гледачи над Атланта со 120-118, благодарение на победничките поени на Ентони Дејвис. Центарот кој пристигна од ЛА лејкерс воедно беше и најдобар поединец на теренот, остварувајќи дабл-дабл од 34 поени и 15 скокови иако заработи незгодна повреда во првото полувреме.
ANTHONY DAVIS WINS IT FOR DALLAS IN THE FINAL SECONDS
HITS THE FLOATER OVER TOUGH COVERAGE TO SECURE IT!! pic.twitter.com/vCvDYXg2oV
— NBA (@NBA) April 3, 2025
Резултати НБА:
Кливленд – Њујорк 124-105, Индијана – Шарлот 119-105, Вашингтон – Сакраменто 116-111, Бостон – Мајами 103-124, Хјустон – Јута 143-105, Далас – Атланта 120-118, Денвер – Сан Антонио 106-113, Оклахома сити – Детроит 119-103, ЛА клиперс – Њу Орлеанс 114-98.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА