Мајами капитулираше и на домашен терен пред Кливленд

Кливленд е на еден чекор до полуфиналето на Источната конференција откако оваа екипа поведе со убедливи 3-0 во серијата против Мајами хит. По двете рутински домашни победи, кошаркарите на Кливленд изгледаа уште поимпресивно на првиот меч во Мајами, декласирајќи го на гостински терен овој противник со 87-124.

Мајами водеше само до 15-9, по што кошаркарите на Кливленд направија серија од 18-0, неколку минути подоцна нанижаа уште девет поени во низа, успевајќи целосно да се одлепат резултатски. Позитивата на гостите во последната четвртина беше огромни 40 поени разлика, како јасна порака дека Кливленд е подготвен да се бори со Бостон за тронот на „истокот“, а потоа и за титулата во НБА-лигата.

Џерет Ален беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, еден помалку реализираше Хантер, додека најистакнат кај Мајами во овој убедлив пораз беше Адебајо со 22 поени и 9 скокови.

Се вчитува...