Мајами подобар од Никси среде Њујорк… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами поведоа во полуфиналната серија на Истокот, триумфирајќи со 101-108 на гостувањето против Њујорк никс.

До триумфот ги предводеше Џими Батлер со 25 поени, 11 асистенции и четири скока. Тој е водечки поентер во плејофот и со Девин Букер од Феникс единствен кој досега има најмалку 200 поени.

Го следеше Гејб Винсент со 20 поени и пет асистенции, односно Кајл Лаури со 18 поени, шест асистенции и пет скока.

Кај Њујорк најдобар беше Ар Џеј Берет со 26 поени, девет скока и седум асистенции. Џејлен Брансон постигна 25 поени, дополнети и со седум асистенции и пет скока.

Следниот натпревар од серија се игра ноќта меѓу вторник и среда од 1:30 часот.

Се вчитува...