Мајами го победи Оклахома Сити со 122-120, и со тоа ја прекина серијата на актуелниот шампион од пет победи по ред. Тројката што го постави конечниот резултат ја погоди Ендру Вигинс 30 секунди пред крајот на натпреварот.
Оклахома имаше две шанси за израмнување или победа, но прво Чет Холмгрен промаши забивање по додавањето на Карузо во алеј-уп од надворешната страна, а на последниот удар, три секунди пред крајот, самиот Карузо промаши шут за три поени.
Пред драматичната завршница, Оклахома Сити водеше во поголемиот дел од натпреварот. Тие беа уште поубедливи со водство од плус 12 во втората четвртина, но тимот на Ерик Споелстра се врати во живот во второто полувреме.
Бам Адебајо го предводеше Мајами со 30 поени и 12 скока. Тој погоди шест тројки, што е негов најдобар резултат во кариерата. Норман Пауел постигна 19, Пеле Ларсон 16, а херојот Вигинс 15 поени.
Шеј Гилџис-Александар повторно го предводеше тимот на Оклахома со 39 поени. Ова беше негов 113-ти натпревар по ред во регуларната сезона во кој постигна најмалку 20 поени.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс се во криза, откако запишаа само една победа на последните пет натпревари, а ноќеска загубија и од Портланд со 132-116. Без Лука Дончиќ тешко им оди на Лејкерси, кои паднаа на шестата позиција.
Шарп беше нерешлива енигма за тимот од Лос Анџелес со 25 поени, а исто толку постигна Смарт кај Лејкерси, но немаше поддршка од соиграчите.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Јута 138:120
Атланта – Бостон 106:132
Детроит – Индијана 121:78
Њујорк – Феникс 99:106
Мајами – Оклахома 122:120
Сан Антонио – Минесота 126:123
Голден Стејт – Шарлот 136:116
Денвер – Вашингтон 121:115
Портланд – ЛАЛејкерс 132:116
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

