Ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер е суспендиран на неодредено време, пренесуваат американските медиуми. Батлер беше санкциониран пред четири дена и не ги одигра претходните два натпревари, а сега доаѓаат нови вести од САД.
Џими реши да го напушти тренингот во понеделник наутро, откако слушна дека нема да е стартер на следните мечеви. Тогаш Хит донесе одлука да го суспендира на неодредено време.
Батлер пропушти девет од последните 12 натпревари на Мајами, од кои првите седум беа исто така поради суспензија бидејќи клубот сметаше дека неговото однесување е штетно за тимот. Батлер е член на Мајами од 2019 година, а претходно играше за Чикаго, Минесота и Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

