Мајами влегува во нова серија на победи откако славеше против Њујорк со 103-109. Предводник на составот од Флорида со 24 поени, 11 скоак и 5 асистенции беше Бам Адебајо, додека Џими Батлер беше на чекор до трипл-дабл учинок откако дуелот го заврши со 17 поени, 10 скока и 9 асистенции. Џулиус Рандл беше првото име кај домаќините со 26 поени, 13 скока и 7 асистенции, а со 21 поен него го следеше Реџи Булок.
Сакраменто успеа да стигне до 12 победа во сезоната откако славеше на гостински терен против Клиперс со 110-113. Деарон Фокс беше предводник на „модрите“ со 36 поени и 7 асистенции, додека Бади Хилд додаде 22 поени и 9 скока. Лу Вилијамс беше првото име кај составот од Лос Анџелес со 23 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека Каваи Ленард додаде 20 поени и 10 скока.
Во останатите натпревари Шарлот забележа убедлива победа над Вашингтон со 119-97, Јута го доби гостувањето против Индијана со 95-103, додека Феникс го одбрани домашниот терен од Бостон откако славеше со 100-91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

