Кошаркарите на Мајами Хит поведоа со 2-1 во полуфиналната серија на Источната конференција, откако вечерва во натпреварот број три на домашен терен славеа над Њујорк Никс со 86-105.
Мајами уште од првата четвртина почна силно и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да ги загрози.
Џими Батлер кој по еден меч пауза се врати во тимот на Хит и го заврши натпреварот со 28 поени, додека кај поразените Џејлен Брансон уфрли 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

