Мајами Хит со победа над Њу Орлеанс Пеликанс од 111-98 ја отвори божиќната вечер во НБА лигата. Минатогодишниот финалист клучната разлика ја направи во првото полувреме кое го доби со тринаесет поени разлика (66-53). Во вториот дел иако гостите одиграа далеку подобро и на неколку пати стигаа на негатива под десет поени тоа не беше доволно за целосен пресврт.
Данкан Робинсон со 23 поени беше најефикасен во победничкиот табор, а одлична вечер имаше и Горан Драгиќ кој уфрли 18 поени, а забележа и 9 асистенции. Кај поразените залудни беа 32 поени на Зајон Вилијамсон и 28 поени на Брендон Инграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА