Сопствениците на шампионатот во Формула 1 ги соопштија плановите за одржување на улична трка во Мајами од следната сезона. Гратските власти на Мајами деновиве треба да одржат седница на која ќе се гласа за поптпишувањето на договор со Формула 1 за организација на Ф1 трка низ улиците на градот.
„Мајами е еден од најгламурозните градови во светот и има феноменална инфраструктура, затоа е совршена дестинација за Формула 1 и за нејзините навивачи“ – изјави Шон Бречис, кој е еден од чениците во Формула 1.
Уличната трка во Мајами ќе биде втора на територијата на САД и ќе и се приклучи на трката за ГН ан САД во Остин, а четврта Ф1 трка во Северна Америка покрај трките за ГН на Канада и за ГН на Мексико.
Трката во Мајами ја поддржа и сопственикот на НФЛ тимот на Мајами делфинс, Стафан Рос. Финансиските детали од договорот се уште не се познати во јавноста, но се знае дека трката за ГН на Мајами ќе биде на календарот на Ф1 во наредните десет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА