Мајами запиша историја, на крилјата на Батлер и Адебајо до финале на Истокот (ВИДЕО)

Мајами е вториот осмопласиран тим во НБА историјата кој успеал да се избори за финале во Источната конференција. Со триумф од 96-92 во шестиот натпревар прототив Њујорк славеа во серијата со 4-2 и така спречија седми меч во „Медисон сквер гарден“.

Херој на Мајами повторно беше одличниот Џими Батлер кој постигна 24 поени, осум скока и четири асистенции, а и тоа како имаше помош од Бем Адебајо со 23 поени и девет скока. Кај Мајами двоцифрени уште беа и Макс Струс и Кајл Ловри со 14 односно 11 поени.

На Њујорк не му помогна ниту одличната партија на Џејлен Брансон кој постигна 41 поен, а на клупата поммина нешто помалку од три минути.

Мајами во финалето на Истокот ќе игра со Филаделфија или Бостон кои ги очекува седми натпревар.

Се вчитува...