По вчерашното второ место во суперџи Макс Мајер денеска се радуваше на триумф на спуст трката од сезоната во светскиот куп која се возеше во австрискиот Кицбил. Домашниот натпреварувач до победата стигна со време од 1:55.59 минута, што беше за 22 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот двоец Швајцарецот, Беат Фојц и неговиот сонародник Винсецнт Крихмаер.
Дамите возеа спуст во бугарско Банско, на кој доминираа италијанските скијачки. Тројна победа за Италијанките, меѓу кои најдобра беше Елене Куртони која трката ја заврши со време од 1:29.31 минута. За 10 стотинки послабо време имаше Марта Басино, додека подиумот го надополни Федерика Брињоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА