Со одлично второ полувреме Бутел против Младост го потврди фаворитскиот статус во пресметката од вторто коло во домашниот ракометен шампионат и славеше со 33-23 забележувајќи го и вториот триумф сезонава во групата Б. Во првото полувреме Младост имаше и предност од плус четири гола, но сепак Бутел во финишот од воведните 30 минути ја презеде контролата и на пауза отиде со плус два(15-13). Во вториот дел, Бутел одигра значително посилно и поквалитетно и комплетно го надигра противникот.
Мирко Мајиќ беше лидер во успехот на составот на Бутел, постигна 14 гола и беше прв стрелец на средбата. Бојан Блажевски маше 12 интервенции на голот.Тој беше единствен со двоцифрен број погодоци во победничкиот состав. Кај Младост, Митко Стоилов забележа седум гола, но сите во првото полувреме.
Металург и Бутел со по две победи и по четири бода ја предводат табелата во конкуренцијата Б. Еурофарм Пелистер 2 го забележа првиот триумф и е на третата позиција. Три бода има и младост, а без бодови се Тиквеш, Прилеп и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА