Мајиќ и Бутел ја продолжија соработката на уште две години (ФОТО)

Црногорскиот интернационалец Мирко Мајиќ и во следните две годни ќе го носи дресот на Бутел, откако скопскиот состав и ракометарот договорија продолжување на соработката.

Левото крило, кој важи за еден од најдобрите стрелци во македонската Суперлига ја игра третата сезона во дресот на Бутел, а како што вели Мајиќ, она што го натерало да остане во главниот град на Македонија е големата амбиција на клубот и чувството како да е во родната земја.

„Одлучив да останам во Бутел Скопје од неколку причини. Од првиот ден во клубот па се до денеска се е испочитувано од страна на раководството. Момците со кои играм се фантастични и едноставно станавме големо семејство, го имаме она заедништво што е потребно за секој колектив. Бутел од година во година покажува квалитет и напредува во секоја смисла, па не гледам причина да не го продолжам мојот престој овде. Иако сум странец, се чувствувам како да сум дома бидејќи сите ме прифатија уште од стартот. Драго ми е што сум дел од овој клуб и што ќе му помогнам во остварувањето на амбициите. Да ми кажеше некој дека ќе останам толку долго време во еден ист клуб, немаше да му верувам, но сигурен сум дека сум на вистинското место. Се радувам на новите предизвици и високите амбиции на клубот“, вели Мајиќ.

??⚪⚫????МИРКО МАЈИЌ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО БУТЕЛ СКОПЈЕ

???Левото крило Мирко Мајиќ и во следните две сезони ќе го…

Posted by RK Butel Skopje on Friday, March 19, 2021

Се вчитува...