ЦСКА Москва по освоената европска круна подготви ремонт на бековската позиција, откако Де Коло, Родригез и Хигинс сите си заминаа од редовите на рускиот кошаркарски гигант. Беше јасно дека тренерот Итудис ќе донесе врвно засилување за овој дел од тимот, а изборот падна врз Мајк Џејмс, еден од најдобрите стрелци во Евролигата минатата сезона.
Џејмс играше извонредно во дресот на Олимпија Милано, но не се договори за продолжување на соработката со италијанскиот гигант. Макаби беше многу блиску до осигурување на неговиот потпис, но кога ЦСКА влезе во трката за Џејмс немаше дилеми.
Актуелниот европски првак денеска потпиша договор и со американскиот шутер Рон Бејкер, кој доаѓа од НБА-лигата, каде настапуваше за екипите на Њујорк и на Вашингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА