Според француските и грчките медиуми, американскиот кошаркар Мајк Џејмс е подготвен да го напушти Монако.
Тренерот на „кнезовите“ Саша Обрадовиќ и Мајк Џејмс не се во најдобри односи, а тоа се наведува како една од главните причини за неговото незадоволство.
Друга работа што го налути Мајк Џејмс е доведувањето на американската суперѕвезда Кемба Вокер, па Џејмс е на излезна врата од Монако.
Бројни европски медиуми објавија дека Мајк Џејмс постигнал договор со Олимпијакос и ќе потпише двегодишен договор.
Наводно, Мајк Џејмс се сретнал со Ајзеа Кенан и Томас Волкап, кои му предложиле да дојде во Атина, а американскиот плејмејкер разговарал и со тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас.
Она што е исто така интересно во оваа приказна на грчките медиуми е дека Џејмс се согласил на намалување на платата и дека од 2,5 милиони ќе оди на пониски 2,3 милиони годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА