Мајк Џејмс го шокираше Монако

Американскиот бек Мајк Џејмс кој неодамна стана најдобриот поентер во историјата на Евролигата размислува за заминување од редовите на Монако, пренесува „Баскет Њуз“.

Договорот на 33-годишникот со клубот од „Кнежеството“ истекува на крајот на сезоната по што ќе биде слободен да ја бира новата средина, а и покрај тоа што неодамна изјави дека сака да остане во Монако и да освои титула со тренерот Обрадовиќ, поразот од Париз за кој настапува и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс во финалето на француското првенство го променија односот помеѓу Американецот и клубот па долгите преговори за нов договор на крајот може и да не вродат плод.

Џејмс пред Монако во Евролигата настапуваше за Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано и ЦСКА Москва.

Се вчитува...