Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс го покани својот пријател Кевин Дурент да му стане соиграч.
Познато е дека Мајк Џејмс и Кевин Дурент се добри пријатели, па минатата година Дурент дури дојде во Европа да го гледа од трибините. Дурент моментално е играч чија ситуација ја следи цела НБА и се верува дека Феникс би можел да испрати трејд понуда за него откако Кајри Ирвинг го напушти Бруклин и замина во Далас.
Тоа му даде причина на Мајк Џејмс да се пошегува и да го покани Дурент во Монако.
„Мислам дека сите би сакале да го доведат Дурент. Монако ќе му понуди јахта“, изјави Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА