Проблемите на Монако стануваат се поголеми секој нов ден, клубот се наоѓа во огромна финансиска криза и на почетокот од месец април се заканува дури и црно сценарио – банкрот, а во меѓувреме се подолга е и листата на повредени играчи на „кнезовите“.
Миротиќ и Окобо беа најзвучни имиња меѓу повредените, а од последниот меч со Олимпијакос друштво ќе им прави и најдобриот кошаркар на „кнезовите“, Мајк Џејмс.
Експлозивниот поентер се повреди буквално во последните секунди од натпреварот со Олимпијакос, фаќајќи се за мускулот од задната ложа и упатувајќи се кон соблекувалната. Деталните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, а првите прогнози се дека Џејмс ќе мора да паузира најмалку дваесетина дена.
Неговиот камбек се очекува најрано на дуелот со Дубаи на почетокот на април, до кога би требало да бидат појасни и многу работи околу иднината на Монако и тоа дали актуелниот европски вицешампион ќе успее да ја преброди оваа огромна криза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

