Резултатската криза на Милано се продлабочи откако италијанскиот првак загуби уште еден евролигашки натпревар, на домашен терен од Монако со 66-72.
Милано имаше контрола над резултатот во првото полувреме, но Монако беше подобар тим во вториот дел. Во финишот се влезе во неизвесна завршница, а на крајот пресуди Мајк Џејмс, кој со тројка на 14 секундо до крајот го доведе Монако во водство од недостижни 66-70, пред Блосингејм да ги постави конечните 66-72. Џејмс беше најдобар поединец во победничкиот табор со 21 поен, кај Милано најефикасен беше Шилдс со 17 поени, а под своето ниво одигра Никола Миротиќ, финиширајќи со скромни 9 поени и 9 скокови зад своето име.
Валенсија е едно од најпријатните изненадувања сезонава откако шпанскиот тим славеше над Алба со 79-71, со импресивен скор 5-1 искачувајќи се на делба на второто место (зад Реал Мадрид), рамо до рамо со Фенербахче (5-1) и Барселона (4-1, утре го игра својот меч од шестото коло).
Семи Ојелеје со 19 поени и 7 скокови беше најдобар поединец во таборот на Валенсија, додека кај Алба се истакна Стерлинг Браун со 19 поени.
DAGGER TIME ⌛️@TheNatural_05 closes the game and grabs his team the win 🏀🔥#EveryGameMatters pic.twitter.com/o6DGg0g9Uj
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА