Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс на натпреварот против Жалгирис стигна до голем успех надминувајќи го легенардниот Шпанец Хуан Карлос Наваро по бројот на постигнати поени во Евролигата. Американецот сега има 4153 поени со кои е на третото место на вечната листа.
Интересно, пред десет години Џејмс настапуваше во третата италијанска лига па коментирајќи го достигнувањето доби и интересно прашање дали тогаш можел да се види себе си во „патиките“ денеска?
„Да бидам искрен, не. Не ни размислував за тоа. Немав ни толкаво знаење за Евролигата за да можам да размислувам дека еден ден ќе бидам на оваа позиција. Затоа благослов е тоа што воопшто имав можност да играм на ова ниво и да бидам тука во овој момент“, изјави Џејмс.
THE SHOT 🎯pic.twitter.com/nX0XxAV3A6
— BasketNews (@BasketNews_com) December 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА