ЦСКА Москва во следниот период ќе биде ослабена со отсуството на еден од најдобрите кошаркари, Мајк Џејмс, кој поради семејна трагедија мораше да отпатува за САД.
Бекот на „Армеиците“ во досегашниот дел од сезоната бележи просек од 20.8 поени, 5.8 асистенции и 3.5 скока по натпревар со што е еден од кандидатите за МВП наградата во Евролигата, па јасно е дека неговото отстуство ќе го погоди составот на Итудис, кој е во серија од четири последователни порази, а се соочува и со повреди на Милутинов, Клајбурн и Шенгелија.
„Членот на нашиот тим, Мајк Џејмс беше приморен да отпатува зад САД поради фамилијатна трагедија. На Мајк му искажуваше најдлабоко сочувство“ – стои во соопштението на московскиот клуб.
Ова е втора загубна на член од семејството за Мајк Џејмс, кој остана без својот дедо на почетокот на годината. Тогаш ЦСКА не му дозволи на својот кошаркар да замине во својата татковина, а целата ситуација резултираше со конфликт поради кој клубот и играчот беа блиску до прекин на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

