Мајк Џејмс неславно заминува од уште еден кошаркарски тим откако пред крајот на сезоната беше суспендиран од страна на Монако поради тепачка во ресторан во „Кнежеството“.
За него повеќе нема место во Монако па неговите агенти се веќе во потрага по нова средина. Американскиот кошаркар преферира враќање назад во Шпанија па веќе и побарал од страна на АЦБ лигата дозвола за истото.
Имено, според правилата во шпанското првенство, право на кошаркарот при враќање во првенството има поранешниот клуб за кој тој настапувал. Во овој случај тоа е Басконија, а само доколку клубот не е заинтересиран за негов ангажман повторно тој може да преговара со други клубови.
Џејмс е кошаркарот со најголемиот број постигнати поени во Евролигата па јасно е дека ќе биде големо засилување за било кој клуб, но со оглед на финансиката ограниченост на Барселона, како и желбата на Реал Мадрид да оди на друг правец мала е веројатноста дека ќе биде дел од овие клубови во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

