Мајк Џејмс проговоре за својата иднина

Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2023/24, Мајк Џејмс со крајот на сезоната станува слободен агент со што се отвори прашањето што носи иднината за 33-годишниот Американец кој оваа сезона воедно стана и најдобриот поентер на најсилниот кошаркарски шампионат на „стариот континент“.

Говорејќи за француските медиуми бекот откри дека сака да остане во Франција и да ја продолжи соработката со српскиот тренер Саша Обрадовиќ.

„Од првиот ден имам одлична соработка со тренерот Обрадовиќ и мислам дека довербата расте од година во година. Двајцата сакаме да победуваме и тој е еден од реките луѓе кои трпат пораз полошо од мене. Го почитувам за тоа. Јас сум во Монако три години и ќе биде добро да ја освојам Евролигата тука и тоа заедно со Обрадовиќ. Тоа е сонот“, изјави Џејмс.

Се вчитува...