Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон најави дека се враќа во рингот. 53-годишникот се врати во одлична форма, нешто со кое не можеше да се пофали изминатите години. „Челичниот Мајк“ ја откри тајната која му помогна во новиот изглед. Тој користи третман на матични клетки кој се заснова на крв од папочната врвца на новороденчето, коскената срцевина или телесна маса.
„Имав висок крвен притисок, практично умирав. Кога ми вадеа крв, беше потполно црвена, а кога ја враќаа беше проѕирна, скоро можеше да видиш низ неа“, вели Тајсон.
Овој третман чини од 5.000 до 25.000 евра, а покрај Тајсон го користат и Кристијано Роналдо и Рафаел Надал.
Тој откри дека покрај третманот, многу во враќањето на формата му помогнал новиот режим на исхрана со кој успеал да изгуби 60 килограми.
„Луѓето се тоа што го јадат. Не јадам леб, компир, никакви јаглехидрати, ништо што има калории. Јадам работи како што се риба и боровинки. Најчесто јадам само овошје и зеленчук, иако знам на месец или два да зеам и риба и пилешко“, изјави Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА