Мајк Тајсон откри од кој боксер стравува: Не би имал шанси против него и во најдобрите денови

Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери во историјата, познат по силата, агресивноста и неверојатната техника во интервју за „Thisis50“ откри име на боксер кој тој самиот смета дека не би можел да го победи и во врвот на кариерата.

Станува збор за легенарниот Мохамед Али, идолот во боксерскиот свет кој го промени спортот и се смета за револуционер.

„Не постои човек како него, едноставно нема. Се што имаме, тој е тој што го свади во нас. Беше вистинско животно, а изгледаше повеќе како модел отколку како боксер. Тој е како „Ти-рекс“ со убаво лице, беше злобен и лош, би ви одвел во длабока вода и таму би ве давел. Толку беше посебен. Најдобар. Никој не може да го победи Али. Тој би ме победил и мене, па дури и во најдобрите денови. Не би можел да го победам. Нема шанса“, изјави Тајсон.

Се вчитува...