Мајката на Арда Ѓулер не можеше да ги скроти солзите на промоцијата на нејзиниот син во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Најголемиот турски талент, Арда Ѓулер вчера беше промовиран во дресот на Реал Мадрид кој ќе биде негова следна дестинација во кариерата.

Уште во раната фаза од својата кариера огромен предизвик за Арда кој треба да го потврди во иднина епитот – еден од најголемите европски и светски фудбалски таленти.

На официјалната промоција во Реал Мадрид беа и најблиските на Арда, а за шпанските медиуми во фокусот неговата мајка која не можеше да ги скроти солзите-радосници од овој голем момент за нејзиниот син. Арда, пак, кога ја здогледа веднаш ја бакна потврдувајќи ја поврзаноста меѓу нив двајцата…

Се вчитува...