Продолжува целата сапуница околу ситуацијата со првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Мелбурн. Додека тој се наоѓа во т.н. притвор во Мелбурн неговите поддржувачи продолжуваат со протести во Австралија, но и во родниот Белград.
Неговата фамилија заедно со најголемите поддржувачи во Србија веќе трет ден се на улиците на Белград, а денеска најголемо внимание привлече транспарентот кој го носеше неговата мајка Дијана.
Таа на фотографија од нејзиниот син имаше напишано „Бог гледа се“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

