Мајката на Роналдо: Ќе го вратам во омилениот клуб

Кристијано Роналдо вчера стигна и до 100. гол во дресот на Јувентус, но се чини дека по три сезони поминати во Торино, еден од најдобрите фудбалери на денешницата на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, поготово доколку Јувентус не избори место на табелата кое води во Лигата на Шампионите следната сезона.

Платата на Роналдо од 30 милиони евра по сезона во тој случај би била преголем залак за доскорешниот шампион на Италија, па во обид да се намалат финансиските трошоци Јувентус ќе се обиде да го продаде 36-годишникот. Манчестер Јунајтед и ПСЖ се во готовс, но мајката на Роналдо, Долорес Авеиро сега вели ќе го наговори својот син за транфер во лисабонскиот Спортинг, клубот кој по 19 години, оваа сезона стигна до шампионската титула во домашното првенство.

„Утре одам кај него и ќе го натерам да се врати. Ќе го вратам во клубот“, изјави мајката на Роналдо за медиумите во Португарлија.

Роналдо потекнува од младинската школа на Спортинг, тим за кој одигра и една сезона во прволигашката конкуренција пред преселбата во Манчестер Јунајтед во 2003 година.

Се вчитува...