Мајката на Сала: Една година без Емилијано – болката никогаш нема да престане

Мина точно една година од авионската несреќа во која животот го загуби Емилијано Сала, 28-годишниот аргентински голгетер кој загина само неколку дена откако го комплетираше трансферот од Нант во Кардиф. Тој по прошталната забава во Нант се упати кон „островот“, каде требаше да го одржи првиот тренинг со новата екипа, но тој лет се покажа кобен за Сала.

И додека клубовите се уште водат правна битка во ФИФА околу тоа колку треба Кардиф да плати за трансферот на починатиот фудбалер, мајката на Сала не може да се помири со смртта на својот син.

„Секој ден ми доаѓа спомен од оној телефонски повик во шест наутро. Како да беше вчера, а мина цела година. Болката е иста како првиот ден и никогаш нема да исчезне“, изјави мајката на Емилијано Сала.

Се вчитува...