Мајката на убиениот навивач беше на стадион, стрелецот на АЕК со емотивна порака до неа по мечот

Синоќешниот реванш меѓу АЕК и Динамо Загреб беше одигран без поголеми инциденти, за разлика од страшниот хаос пред претходно закажаниот меч во Атина во кој животот го загуби едно лице.

Мајката и вујкото на убиениот навивач беа присутни на стадионот во Атина на реванш мечот, а стрелецот на првиот гол за АЕК, Серхио Араухо, испрати емотивна порака до мајката на Михалис.

„И реков на мајката на Михалис – Извинете… Реков дека сум тажен затоа што не можеме да им помогнеме на луѓето да разберат дека фудбалот е игра која трае 90 минути на теренот. Многу ми е жал, и се извинив. Ние кои сме во фудбалот сме себични. Ајде да гледаме на ова како на игра без насилство, само така овој спорт ќе биде поубав за сите“, изјави Араухо.

Се вчитува...