Мајката на Жил Бјанки со емотивна порака: „Денеска се покажа дека смртта на мојот син не беше залудна“

Ромен Грожан, за среќа, мина без посериозни повреди по инцидент на Формула 1 трката во Бахреин. По силниот удар во заштитната ограда, болидот заврши на два дела, експлодираше па само секунди го делеа Французинот од најтрагичното. „Хало“ системот кој беше поставен на болидите, по несреќата која што се случи со трагичната смрт на Жил Бјанки, веројатно му го спаси животот на Грожан. Мајката на Бјанки испрати емотивна порака до коментаторот кој го врши преносот на Формула 1 трките во Франција.

„Формула 1 го воведе „Хало“ системот по смртта на мојот син. Тој Хало го спаси животот на Роман Грожан. Смртта на мојот син не беше залудна“, изјави мајката на Бјанки. 

 

Се вчитува...