Четирикратниот олимписки шампион, Мајкл Џонсон е во многу подобра здравствена состојба, неколку дена по мини-мозочниот удар. 50-годишниот американски атлетичар кој своевремено беше најбрзиот човек на 200 метри и на 400 метри веќе направил значаен прогрес во заздравувањето.
„Добрите вести се дека сум дома со моето семејство, немам проблеми со срцето и веќе направив голем напредок кон комплетно опоравување“ – напиша Џонсон на Твитер.
Мајкл Џонсон, кој сега работи како стручен телевизиски аналитичар стана првиот спринтер кој ги освоил титулите на 200 метри и на 400 метри на едни олимписки игри. Тоа му успеа на Игрите во Атланта во 1996 година, во 2000 година во Сиднеј ја одбрани титулата на 400 метри и се повлече од атлетиката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА