Мајкл Џордан, за многумина најдобриот кошаркар на светот денеска полни 58 години. „Ем Џеј“ во последните 365 дена повторно беше во фокусот на светот благодарение на „Последниот танц“, документецот кој ја одбележа неговата последна сезона во дресот на Чикаго, и им помогна на милиони луѓе во светот во најтешките моменти во пандемијата на коронавирус.
Овој пат Џордан не требаше да застане „рамо до рамо“ со Багс Бани или други ликови од цртаните за да го спаси светот од досада, за него доволно беше да биде свој и да го покаже неговото „непознато“ лице пред светот. Неговата компетативна страна, неговите лични анегдоти, пријателствата и непријателства кои доведоа до тоа да го добие епитетот „најголемиот на сите времиња“.
Годината на Џордан не се отслика само со документарецот и бројните реакции кои истиот ги предизвика, „Ер Џордан“ се бореше и за расна еднаквост, а во последните денови повторно ја покажа својата хумана страна откако донираше 10 милиони долари за отварање на две нови клиники во Северна Каролина.
MICHAEL JORDAN IS THE GOAT!!! pic.twitter.com/ajq8YfI8NV
— MJs GOAT (@MjsGoat) May 18, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА